Соопштенија



Петок, 11 ноември 2011 година

Дванаесетта седница на Законодавно-правната комисија

Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија, на Дванаесеттата седница одржана на 9 ноември 2011 година, го разгледа:

  • Предлогот на закон за дополнување на Законот за процена, по скратена постапка. 

Претседателот на Kомисијата, г-ѓа Благородна Дулиќ, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија не се поднесени амандмани од овластени предлагачи.

По Предлог-законот на Комисијата учествуваше пратеникот, г. Оливер Спасовски.

Комисијатa го проследи овој Предлог-закон на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click