Соопштенија

Четврток, 24 ноември 2011 година

Десетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на Десеттата седница, одржана на 21 ноември 2011 година, како матично работно тело го разгледа Предлог-законот за регистрирање на подземни и надземни инфраструктурни објекти и придружни инсталации - II читање.

По овој Предлог-закон беа поднесени вкупно 12 амандмани, од кои 5 не беа усвоени, а по останатите 7 амандмани не се водеше претрес од причина што предлагачите ги повлекоа истите.

На крајот од расправата, Предлог-законот за регистрирање на подземни и надземни инфраструктурни објекти и придружни инсталации,  Комисијата го проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Во рамките на Комисијата беше донесена и одлуката за заклучување на 5. седница (надзорна расправа).

 
Click