Соопштенија



Понеделник, 28 ноември 2011 година

Седма седница на Комисија за надворешна политика

Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, на Седмата седница, одржана на 24 ноември 2011 година, ги разгледа:

  • Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Одборот на директори на Регионалниот центар за Централна и Источна Европа за регулирање на правниот статус на Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа во Република Македонија;
  • Предлог-законот за ратификација на Конвенцијата за правата на лица со инвалидност и Факултативниот протокол кон Конвенцијата за правата на лица со инвалидност;
  • Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за условите за патување на државјаните на двете земји;
  • Предлог-законот за ратификација на Договорот за оперативна и стратешка соработка помеѓу Република Македонија и Канцеларијата на Европската полиција.

На седницата на Комисијата, во својство на повереници на Владата на Република Македонија, присуствуваа г. Горан Стевчевски и г. Звонимир Поповиќ, државни советници во Министерството за надворешни работи.

По Предлог-законот за ратификација на Конвенцијата за правата на лица со инвалидност и Факултативниот протокол кон Конвенцијата за правата на лица со инвалидност, зема учество членот на Комисијата, г-ѓа Лилјана Поповска. 

На крајот од расправaта, Комисијата едногласно заклучи да му предложи на Собранието да ги разгледа горенаведените  Предлог-закони и истите да ги донесе.

Click