Соопштенија



Четврток, 24 ноември 2011 година

Седма седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на денешната Седма седница, во второ читање ги разгледа:

  • Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија;
  • Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за метрологија.

Комисијата за економски прашања како матично работно тело по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија го претресе Амандманот на член 1, став (1), поднесен од пратениците Благоја Стојановски и Панче Орцев, под архивски број 07- 4400/2.

Образложение на поднесениот амандман дадоа пратениците г. Благоја Стојановски и г. Панче Орцев.

Во претресот по поднесениот амандман учествуваа претседателот на Комисијата за економски прашања, г. Љубисав Иванов-Ѕинго, членот на Комисијата г. Стојко Пауновски, пратениците г. Благоја Стојановски и г. Панче Орцев и заменик-министерот за економија, г-ѓа Катерина Костеска.

Комисијата за економски прашања со мнозинство гласови не го усвои предложениот амандман. 

Во однос на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за метрологија, претседателот на Комисијата ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија не се поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Комисијата за економски прашања заклучи двата Предлог-закони да ги проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 

 

Click