Соопштенија



Петок, 11 ноември 2011 година

Шеста седница на Комисијата за труд и социјална политика

Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Шеста седница го разгледа:

  • Предлог-Буџетот на Република Македонија за 2012 година.

Претседателот на Комисијата, г-ѓа Цветанка Иванова, ја отвори дискусијата по точката на дневниот ред, по што му даде збор на заменик-министерот за финансии, г. Недим Рамизи и заменикот на министерот за труд и социјална политика, г. Ибрахим Ибрахими, кои го образложија и детално ги објаснија предвидените активности со Предлог-буџетот на Република Македонија за 2012 година во делот, кој се однесува на труд и социјална политика.

Во дискусијата по точката од дневниот ред учествуваа пратениците: г. Самка Ибраимовски, г-ѓа Радмила Шекеринска, г-ѓа Цветанка Иванова, г-ѓа Бети Кузмановска, г-ѓа Соња Мираковска и г. Неџати Јакупи.

На крајот, Комисијата со осум гласа „за“ и еден „против“, ги усвои следните заклучоци:

  • Комисијата за труд и социјална политика го разгледа Предлог-буџетот на Република Македонија за 2012 година во делот за труд и социјална политика и го проследува на понатамошна постапка во Собранието на Република Македонија;
  • Комисијата за труд и социјална политика да го достави извештајот од седницата до Комисијата за финансирање и буџет, како матично работно тело.
Click