Најави

Понеделник, 4 април 2011 година, 11,00 часот, Сала 3
 

КОМИСИЈА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И БУЏЕТ
 

Предлог на дневен ред:

 
1.  Предлог на закон за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на дадени позајмици во траен влог во друштвото АД Органско хемиска индустрија „Наум Наумовски – Борче” Скопје,  по скратена постапка; 

2.   Предлог на закон за изменување на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Јапонската Банка за меѓународна соработка по Договорот за заем за реализација на „Проектот за подобрување  на искористување на водата во басенот на реката Злетовица“, по скратена постапка;

3. Предлог на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнителното финансирање на Проектот за АД МЕПСО, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој-Светската банка и АД МЕПСО, по скратена постапка;

4. Предлог на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на претходните и подготвителните работи за Проектот „Луково Поле и довод на Корапски води“, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој-Светската банка и АД ЕЛЕМ, по скратена постапка;

5. Предлог на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем, наменет за финансирање на проектот „Ветерен парк Богданци”, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова-КфВ и АД ЕЛЕМ, по скратена постапка.
Click