ЕУ вести



Петок, 11 февруари 2011 година

Европски „Ден 112“

Денеска, на 11 февруари, се одбележува европскиот ден 112 – бројка која го означува телефонскиот број кој може бесплатно да се повика за итни случаи во сите 27 земји-членки на Европската унија.

Овој број може да го повика секој граѓанин во ЕУ, и од фиксен и од мобилен телефон, во случаи кога итно е потребна помош од Полиција, Брза помош или Пожарна. 

Тој не ги заменува националните броеви, туку работи паралелно со нив.

Европската комисија и Европскиот парламент официјално го ставија во употреба телефонскиот број 112 од февруари 2009 година.

Click