ЕУ вести



Петок, 6 мај 2011 година

Фестивал на Европа и отворени денови на Европарламентот

Утре, европските институции во Брисел организираат Фестивал на Европа, на кој ќе се одбележи годишнината од Декларацијата на Робер Шуман од 1950 година. Истиот ден ќе се одржат годинешните отворени денови на Европскиот парламент во Брисел, а ден подоцна и во Стразбур.

За време на овие отворени денови, Европарламентот ќе организира повеќе активности во и околу својата зграда, како што се разни расправи, претстави, ликовни изложби, информативни штандови, квизови и сл.

Политичките групи и парламентарниот сервис, како и други европски институции и органи, исто така, ќе имаат свои штандови.

Инаку, Европарламентот секој работен ден има стотици посетители во своите простории во Брисел, Стразбург и Луксембург, кои можат одблизу да се запознаат со неговата работа на кој било од службените јазици во Европската унија.

Во текот на последните пет години, бројот на посетителите се зголемил за речиси 13%, а минатата година повеќе од 300.000 луѓе имале можност да го посетат Европскиот парламент.


 

Click