ЕУ вести



Среда, 11 мај 2011 година

Завршува претседавањето на Турција со Комитетот на министрите на Советот на Европа

На крајот од денешната 121. седница на министрите за надворешни работи на 47-те земји-членки на Советот на Европа, која се одржува во Истанбул, Украина ќе го преземе од Турција претседателството со Комитетот на министрите

Турскиот министер за надворешни работи, г. Ахмет Давутоглу, како претседавач со Комитетот на министрите, ќе го претстави Извештајот за постигнувањата на Турција во претходните шест месеци, додека украинскиот министер за надворешни работи, г. Константин Гришченко, ќе ги претстави приоритетите на неговата земја за време на идното шестмесечно претседавање.

Во текот на седницата, како точки на дневниот ред ќе се најдат:

  • Стратегијата за вредностите на дејствувањето на Советот на Европа - Извештај за активностите на генералниот секретар;
  • Европската конвенција за човекови права;
  • „Да се живее заедно во Европа во 21. век“ - Извештај на „Групата на истакнати личности“;
  • Политиката на добрососедство на Советот на Европа.
Click