Активности



Вторник, 11 декември 2012 година

Дваесетта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 20. седница, како матично работно тело, во второ читање го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва.

Заменик-претседателот на Комисијата, г-ѓа Владанка Авировиќ, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија поднесени се амандмани од овластени предлагачи.

Комисијата водеше претрес по вкупно 10 амандмани, од кои 7 беа усвоени, а 3 неусвоени.

Во претресот учествуваа пратениците: г-ѓа Нада Станчевска, г. Драган Цуклев, г-ѓа Светлана Карапетрова, г-ѓа Владанка Авировиќ, г. Стојко Пауновски, г. Миле Андонов и г. Самка Ибраимовски, како и заменик-министерот за економија, г-ѓа  Катерина Веловска.

На крајот од расправата, Комисијата за економски прашања овој Предлог-закон го проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click