Активности

Понеделник, 10 декември 2012 година

Пленарна седница на Европскиот парламент

Од 10 до 13 декември во Стразбур, Европскиот парламент ќе одржи пленарна седница, на која меѓу другото ќе се дискутира за приоритетите на претстојниот самит на Европскиот совет, кој ќе се одржи на 13 и 14 декември.

Денеска европратениците ќе го гласаат буџетот 2012-2013 година. На седницата ќе стане збор и за мигрантите и правата на малцинствата, човековите права и демокатијата, основните права во ЕУ, состојбата во Египет, Сирија, Конго и Индија, трговијата со Латинска Америка, договорите со Украина и Русија, авиосообраќајот, заштитата на животите при транспорт, итн.

В среда на свечена церемонија ќе се одбележи добивањето на Нобеловата награда за мир на Европската унија, а првиот европарламентраец, г. Мартин Шулц, ќе ја врачи и наградата „Сахаров“ за слобода на мислата, која годинава заминува во рацете на иранските активисти за човекови права Насрин Сотоден и Јафар Панахи.

 
Click