Активности

Петок, 14 декември 2012 година

Триесетта седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 30. седница, во прво читање го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување.

На седницата на Комисијата, во својство на повереник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г-ѓа Ирена Ристеска, раководител во Сектор во Министерството за труд и социјална политика, која даде образложение за потребата од донесувањето на законот од аспект на неговата усогласеност со правото на Европската унија.

 Во расправата учествуваше пратеникот Миле Пачемски.

Комисијата со шест гласа „за“ и еден „воздржан“ му предложи на Собранието на Република Македонија дека Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

 

 
Click