Собраниско раководство



Петок, 29 јуни 2012 година

ДОНАЦИЈА НА ОПРЕМА ОД СЕКИНЕСКИОТ НАРОДЕН КОНГРЕС ЗА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Денеска, во салата „Борис Трајковски" во Собранието на Република Македонија, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски и Н.Е. амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија, г. Цуи Џивеј, свечено ја открија плакетата за донацијата на информатичка, аудио и видео опрема од страна на Секинескиот народен конгрес за потребите на Собранието на Република Македонија.

На настанот, присуствуваа и потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска, претедателката на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, г-ѓа Силвана Бонева и членовите-пратеници на Групата, како и други пратеници и претставници на Амбасадата на Народна Република Кина.

На отворањето, претседателот Вељаноски изрази голема благодарност за оваа донација како уште еден знак на добрите пријателски односи меѓу двата парламенти, а особено поради фактот што истата доаѓа од држава која ја признава Република Македонија под нејзиното уставно име.

Претседателот Вељаноски истакна дека во последните години односите меѓу двата парламента и двете држави бележат нагорен тренд и дека пратениците од Собранието на Република Македонија со голем интерес ја очекуваат секоја соработка со Секинескиот народен конгрес и доаѓањето на нивните колеги во Република Македонија.

Амбасадорот Џивеј нагласи дека му претставува особена чест што денеска има можност заедно со претседателот Вељаноски да ја откријат плакетата за донацијата на Секинескиот народен конгрес.

„Оваа донација е еден од гестовите што Народна Република Кина ги прави за вистинските пријатели“, рече амбасадорот Џивеј.

Тој потенцираше дека односите меѓу двете држави ќе продолжат да се развиваат и во иднина и упати покана од Секинескиот народен конгрес до претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски и до Пратеничката група за соработка на Собранието на Република Македонија повторно да ја посетат Народна Република Кина.

Click