Собраниско раководство



Вторник, 12 јуни 2012 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО Г. БИЛ САРАВИНОВСКИ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, оствари средба со градоначалникот на Рокдеил, г. Бил Сарвиновски. На средбата г. Саравиновски го запозна претседателот Вељаноски за активностите во општината Рокдеил, која е една од поголемите општини во Сиднеј, Австралија. Се разговараше за раководењето на општината и за работата на Советот на Рокдеил, како и за решавање на проблемите на македонската заедница, но и на другите заедници кои живеат во Рокдеил.

Тој истакна дека македонската заедница е една од побројните во оваа општина. Градоначалникот Саравиновски го информираше претседателот Вељаноски за политичкита состојба во Австралија и за делувањето на припадниците на македонската заедница, кои се вклучени во политичките партии и политичкиот живот во Австралија.

На средбата присуствуваше и пратеникот г. Милорад Додевски, кој истакна дека македонската заедница е доста активна и вклучена во политиката во Австралија.

Претседателот Вељаноски истакна дека е многу важно македонската заедница, која живее во Австралија, да биде единствена и да ги остварува своите барања и цели што ги има.

Претседателот Вељаноски додаде дека со нивното делување, исто така, создаваат мост и ги продлабочуваат врските меѓу Република Македонија и Австралија.

Click