Собраниско раководство



Вторник, 11 септември 2012 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО НОВОИМЕНУВАНИОТ АМБАСАДОР НА ДРЖАВАТА ИЗРАЕЛ ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Н.Е. ЈОЗЕФ АМРАНИ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, изразувајќи задоволство за средбата, истакна дека Република Македонија и Израел имаат одлични релации на политичко ниво,  но и дека секогаш постои можност за унапредување на соработката во сите сфери од заемен интерес.

Двајцата соговорници изразија задоволство од контактите и соработката на високо ниво во изминатиот период, кои беа оценети како исклучително успешни.

Во овој контекс, амбасадорот Амрани ги пренесе поздравите од претседателот на израелскиот Кнесет, г. Реувен Ривлин, како и од г-ѓа Лиа Шемтов, претседател на Парламентарно пријателство на Кнесетот со Собранието на Република Македонија.

На средбата стана збор и за економската соработка и привлекувањето на израелски инвестиции во Република Македонија, при што беше истакната потребата од почести посети на израелски бизнисмени на Република Македонија и искористување на можностите за инвестирање во државата.

Амбасадорот Амрани нагласи дека постои голема можност да се унапреди соработката во туризмот и посета на израелски туристи на Република Македонија.

 

 

 

 

 


 

Click