Собраниско раководство



Среда, 6 јуни 2012 година, Словенија

Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Република Словенија, г. Данило Тирк

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, кој ја предводи собраниската делегација во официјална посета на Република Словенија, на покана на неговиот колега, претседател на Државниот збор на Република Словенија, г. Грегор Вирант, денеска оствари средба со претседателот на Република Словенија, г. Данило Тирк.

Во разговорот, двајцата соговорници се задржаа на три сегменти кои се од интерес за двете држави, значењето на добрата парламентарна соработка во насока на меѓусебна размена на искуство на сите нивоа, интензивирање на односите и комуникацијата на двете бизнис заедници и изнаоѓање механизам кој би овозможил брзо и лесно надминување на проблемите кои се јавуваат во стопанското делување.

Претседателот Тирк потенцираше дека Република Словенија принципиелно ја поддржува Република Македонија на патот на евроатлантското интегрирање и дека цврсто останува на тие принципите со заложба да се искористи секоја можност што ќе даде придонес Република Македонија да дојде до зацртаната цел.

Собраниската делегација, во чиј состав се и пратениците: Ристо Манчев, Мевмет Џемајлоски, Оливер Спасовски и Амди Бајрам, оствари средба и со градоначалникот на Љубљана, г. Зоран Јанковиќ.

Click