Собраниско раководство



Понеделник, 30 јули 2012 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО Г. СТЕФАН ЏОУНС, ПРАТЕНИК ОД ТРОСБИ, АВСТРАЛИЈА И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АВСТРАЛИСКО-МАКЕДОНСКАТА ПАРЛАМЕНТАРНА ГРУПА ЗА СОРАБОТКА

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, изразувајќи задоволство за средбата, ги истакна своите позитивни впечатоци од неодамнешната официјална посета на Австралија. Претседателот Вељаноски истакна дека средбите ќе ги подобрат билатералните односи со пријателската Австралија, кои во континуитет имаат нагорна линија.

На средбата стана збор и за македонската заедница која живее во Австралија, за која г. Џоунс упати благодарност за нивната лојалност и придонес во општествениот и социјалниот живот на Австралија. Тој додаде дека неговиот електорат го сочинуваат и македонски гласачи.

Исто така, се разговараше и за олеснување на визниот режим кон граѓаните на Република Македонија, за кој претседателот Вељаноски истакна дека е значаен за семејствата и роднините кои живеат во Република Македонија.

На средбата, исто така, стана збор и за можностите за проширување на економската соработка меѓу Република Македонија и Австралија.

Click