Собраниско раководство



Петок, 16 март 2012 година

Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Црна Гора, г. Филип Вујановиќ 

На средбата и двете страни ги истакнаа високо развиените односи меѓу двете држави кои бележат постојан подем. Претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски посебно ја истакна улогата на Република Македонија и Црна Гора во развивањето на добрососедските односи во регионот, што придонесува за негова стабилност и евроатлантските интеграции на сите држави.

Во тој дух, претседателот Вељаноски уште еднаш на црногорскиот претседател Вујановиќ  му го честиташе напредокот на Црна Гора во овие процеси. Претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски посебно ја истакна парламентарната соработка.

Се надевам дека во иднина таа соработка меѓу нашите парламенти  ќе се продлабочува со акцент на улогата на националните парламенти во процесите на нашето евроатлантско интегрирање.

Претседателот Вељаноски се задржа и на економските односи истакнувајќи дека има можност за нивен многу поголем развој. Притоа треба да се сконцентрираме на регионален пристап во развојот на економските односи  бидејќи на тој начин полесно можеме да се вклучиме во европските како и глобалните економски токови, односно да бидеме попривлечни за странските инвеститори.

 Претседателот на Црна Гора, г. Филип Вујановиќ уште еднаш изрази задоволство и благодарност за помошта што Македонија ја дава на Црна Гора во процесите на евроатлантските интеграции. На сите ни е јасно дека Македонија одамна ги исполни сите услови за членство во НАТО, а јас лично се надевам дека пресудата во Хаг ќе ја почитуваат сите меѓународни субјекти и организации.

Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, исто така, ја истакна потребата и можностите за интензивирање на регионалната соработка на економско поле посебно во поголемите инфраструктурни  и патни проекти.

Click