ЕУ вести

Среда, 14 ноември 2012 година

Кохезиска политика на ЕУ за развој на сиромашните региони

Европскиот парламент е обединет во уверувањето дека поддршката на сиромашните региони од страна на Европската унија, е една од најважните алатки за развој, истакна првиот европратеник, г. Мартин Шулц, на состанокот на високо ниво за кохезиска политика со лидерите на 16 европски земји (Хрватска, Словенија, Бугарија, Грција, Унгарија, Романија, Чешка, Словачка, Полска, Естонија, Летонија, Кипар, Литванија, Малта, Португалија и Шпанија), како и претставници на организации, компании и синдикати

На состанокот присуствуваше и претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо, кој истакна дека кохезиската политика значи раст и вложување за ЕУ.

Состанокот се одржа во пресрет на самитот на 22 и 23 ноември во Брисел, каде шефови на држави и влади ќе се соберат за да постигнат договор за ЕУ буџетот 2014-2020 година.

Претседателот на Европарламентот, г. Мартин Шулц, додаде дека идејата за намалување на буџетот на ЕУ, од една страна, може да биде популарна во некои земји-членки, но, од друга страна, и контрапродуктивна за стимулирањето на економијата и отворањето нови работни места.

 

 
Click