Соопштенија

Четврток, 15 ноември 2012 година
 
Надзорна расправа на тема „Надзор на распределбата на земјоделските субвенции“
 
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на второто продолжение на 17 седница, ќе продолжи со надзорната расправа на тема „Надзор на распределбата на земјоделските субвенции“.

Второто продолжение на надзорната расправа ќе се одржи на 15 ноември (денеска) 2012 година, со почеток од 11,00 часот, во Салата „Борис Трајковски“, во зградата на Собранието на Република Македонија, ул. „11 Октомври“ бб Скопје.

На второто продолжение на надзорната расправа, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе продолжи со ислушување на исказите на останатите учесници (сведоци) повикани од Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Вашиот медиум е поканет да присуствува на расправата и да го покрие настанот.

Со цел да го регистрирате Вашето присуство на расправата, Ве молам контактирајте го лицето Данчо Јаневски - раководител на Одделение и советник на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и тоа на фиксен телефон: +389 2 3182-409; е-пошта: d.janevski@sobranie.mk и kzemjod@sobranie.mk
Click