Собраниско раководство



Петок, 24 мај 2013 година, Ватикан

Претседателот Вељаноски на аудиенција кај папата Франциск

Македонска црковно-државна делегација, предводена од претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, имаше аудиенција кај новиот папа Франциск. Претседателот Вељаноски му го честита изборот за 266. поглавар на Католичката црква, со искрени желби за понатамошното промовирање на мирот, соработката и пријателството во светот.

Поглаварот на Римокатоличката црква изрази поддршка кон македонскиот народ и нагласи дека Македонија има дадено многу за христијанството.

Претседателот на Собранието го покани папата да ја посети Македонија и регионот, потенцирајќи дека неговата посета ќе даде еден дополнителен стимул за сите случувања во регионот.

Претседателот Вељаноски истакна дека длабоко e убеден дека под раководство на папата Франциск, Светата Столица ќе продол­жи да дава свој незаменлив и суштински придонес во зацврстувањето на верувањето во Господ и во пренесувањето на неговиот свет збор за меѓусебна љубов и помош и во традиционално добрите односи меѓу Светата Столица и Репуб­лика Македонија.

Претседателот Вељаноски истакна дека личноста на Св. Кирил длабоко ги поврзува Македонија и Рим, и денеска македонска делегација по 45. пат традиционално и свечено го одбележува денот на Св. Кирил во Вечниот Град.

Претседателот Вељановски на папата му подари резба - Розета на ореово дрво, а имаше средба и со државниот секретар на Светата столица кардиналот Терцисио Бертоне.

Click