Собраниско раководство



Среда, 17 април 2013 година

Претседателот Вељаноски присуствуваше на церемонијалниот погреб на поранешниот премиер на Велика Британија, Маргарет Тачер

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денес присуствуваше на церемонијалниот погреб на поранешниот премиер на Велика Британија, почитуваната баронеса Маргарет Тачер.

Централната погребна служба на бароницата Тачер, конзервативниот премиер 1979-1990, се случуваше во катедралата Свети Павле во центарот на Лондон.

Кралицата Елизабета, премиерот Дејвид Камерон како и десетина актуелни претседатели на држави и премиери  се меѓу повеќе од 2.000 високи политички јавни личности кои и оддадоа последна почит.

Тоа е прв пат Кралицата Елизабета да присуствува на погреб на еден британски премиер по оној на Сер Винстон Черчил во 1965 година.

Претседателот Вељаноски по завршувањето на погребната церемонија присуствуваше на прием во официјалната резиденција во Mansion House во City во центарот на Лондон .

Претседателот имаше кратки средби со актуелниот британски премиер Дејвид Камерон, поранешениот британски премиер Џон Мејџор, со канадскиот премиер Стивен Харпер, со актуелниот албански премиер Сали Бериша и други политички личности.

Click