Собраниско раководство



Понеделник, 8 јули 2013 година

Средба на претседателот Вељаноски со г. Ендру Елсбери, пратеник од Викторија, Комонвелт Австралија

Австралискиот пратеник, г. Ендру Елсбери, изрази задоволство од можноста да ја посети Република Македонија, како и од можноста за средба со претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски.

Двајцата соговорници разменија мислење за значењето и придонесот кој македонската заедница го дава во Австралија и констатираа дека токму за македонската заедница во Австралија сите зборуваат со пиетет, но и дека заедницата е задоволна од односот кој државата го има кон нив и од начинот на кој им возвраќа за посветеноста и лојалноста.

Соговорниците се задржаа и на значењето од унапредување на севкупните односи меѓу двете држави, особено на аспектот на инвестирање на австралиски компании во Република Македонија.

Пратеникот Елсбери изрази уверување дека со големо задоволство ќе продолжи да се залага за македонската заедница во Австралија и дека со дел од своите колеги ќе работи на признавање на Република Македонија под уставното име, за што како олеснителна околност го гледа признавањето на македонската заедница од државата како Македонци.

Во текот на средбата, австралискиот пратеник изрази воодушевеност од богатата и древна историја која ја има нашата држава, од културното наследство и природното богатство кое можел да го види при посетата на Охрид, од древноста на православните храмови и нивната бројност.

Click