ЕУ вести



Четврток, 24 октомври 2013 година

Европски самит

Денеска и утре Европскиот совет ќе одржи Самит во Брисел, во чиј фокус ќе биде економската и социјалната политика, вклучувајќи ја и невработеноста кај младите, како клучна цел во стратегијата на Европската унија.

Покрај овие теми, во текот на денешниот ден, ќе стане збор и за дигиталната економија, промовирање на нови инвестиции, за важноста од единствен дигитален пазар, преку телекомуникацискиот пакет „Поврзан континент“.

Исто така, европските лидерите ќе дебатираат и за економската и монетарна унија, како и за финансирањето на економијата, особено во однос на малите и средни претпријатија.

Утре, пак, дискусијата ќе биде насочена кон подготовките за претстојниот Самит на источното партнерство, кој ќе се одржи на 28 и 29 ноември во Вилнус, Литванија, а ќе се отвори и прашањето на миграционите текови по последните трагични настани во Медитеранот.

Click