ЕУ вести



Четврток, 19 декември 2013 година

Самит на ЕУ

Денеска започнува дводневниот самит на Европската унија во Брисел, во рамките на кој утре ќе бидат усвоени предлог-заклучоците донесени на 17 декември од Советот за општи работи на ЕУ во врска со проширувањето на Унијата.

Според нив, на прашањето за отворање на пристапните преговори со Република Македонија, Советот ќе се наврати во 2014 година. Србија, пак, доби „зелено светло“ да ги започне преговорите за членство следниот месец, а Албанија да добие кандидатски статус на јунскиот самит.

На завршниот овогодинешен самит, шефовите на држави или влади на земјите-членки на ЕУ ќе се фокусираат на заедничката безбедносна и одбранбена политика, на банкарската унија, економијата, отворањето нови работни места, иранската нуклеарна програма, како и на состојбите во Украина и Сирија.

 

Click