Активности



Среда, 9 јануари 2013 година

Четириесет и четврта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната Четириесет и четврта седница, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај - II читање;
  2. Предлог-законот за автокампови - II читање;
  3. Предлог-законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија - II читање;
  4. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на природата - II читање.

Претседателот на Комисијата, г. Реџаиљ Исмаили, ги извести пратениците дека по овие Предлог-закони, согласно рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Во однос на Предлог-законот за автокампови, врз основа на член 149 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата за транспорт и врски поднесе еден амандман за менување на членот 37 став 1, со цел да се почитува начелото на соодветна и правичната застапеност на претставниците на заедниците во единицата на Локалната самоуправа во која се формира автокамп.

Предложениот амандман Комисијата го усвои со 6 гласа „за“ и 1 „против“. 

Комисијата, без дискусија, заклучи сите четири Предлог-закони да се проследат на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 

 

Click