Активности



Среда, 9 јануари 2013 година

Педесетта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на 50. седница, одржана денеска, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за хартии од вредност (второ читање).  

Претседавачот на Комисијата, г-ѓа Владанка Авировиќ, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Комисијата го проследи Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за хартии од вредност на натамошна постапка во Собранието.

Click