Активности



Понеделник, 2 декември 2013 година

Духот на жената парламентарка го унапредува општеството
 
Заврши Годишниот самит „Жените во парламенти - Глобален форум" што се одржа во Европскиот парламент, во Брисел, од 27 до 29 ноември 2013, на кој учествуваа и потпретседателката на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Сузана Салиу и пратеничката г-ѓа Цветанка Иванова.

На овој Самит учествуваа жени парламентарки од над 100 земји од светот меѓу кои и  голем број жени парламентарки од регионот.

Учесничките во Самитот имаа можност да расправаат за многу значајни теми кои се однесуваат на заедничките преспективи, и беа дел од политичкиот дијалог кој што ја одразува улогата на жената во политиката во современиот свет.

Овој независен и меѓународен форум во контуинитет се залага за унапредување на општеството, градејќи мрежа, односно цврста врска меѓу жените парламентарки.

Во сите дискусии беше нагласено дека духот на жената парламентарка го унапредува општеството.

Говорници и панелисти беа разни нобелисти, претседатели на влади, претседатели на собранија, претседатели на држави, еврокомесари, министри, академици, како и претставници, односно високи профили на граѓанското општество и филантропи.

Парламентарките од Македонија, потпретседателката г-ѓа Сузана Салиу и г-ѓа Цветанка Иванова, меѓу другото, имаа средба со потпретседателот на Европскиот парламент г-ѓа Изабела Дурант, и со г-ѓа Тарја Халонен, поранешна претседателка на Финска, како и со многу парламентарки од светот и регионот.

Пратеничките од Македонија, г-ѓа Сузана Салиу и г-ѓа Цветаннка Иванова, активно учествуваа и во работната група „Да работиме заедно во борбата против корупцијата”, што во рамките на овој самит беше организирана од „Transparency International“.

Госпоѓа Салиу, меѓу другото, истакна дека за успешна борба против корупцијата се потребни независни и самостојни институции со интегритет, како и личности кои уживаат морален и професионален интегритет.

Во текот на Самитот беа доделени награди за најпознатите жени-лидерки во светот.

 

 

Click