Активности



Четврток, 17 јануари 2013 година

Дваесет и втора седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 22. седница одржана денеска, како матично работно тело во прво читање ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за виното;
  2. Предлог законот за земјоделски задруги;
  3. Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за сточарство;

На седницата на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше, г. Зоран Коњановски, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Заменик-министерот, г. Зоран Коњановски, ја нагласи потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ги разгледа горенаведените Предлог - закони и оцени дека се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.

 

 

Click