Активности



Вторник, 15 јануари 2013 година

Средба на Комисијата за надворешна политика со делегацијата од Групата за билатерална соработка со Македонија на Претставничкиот дом на Република Индонезија

Претседателот на Комисијата за надворешна политика, г. Антонио Милошоски, во Собранието на Република Македонија денеска оствари средба со г-ѓа Вера Фебјанти, шеф на делегацијата од Групата за билатерална соработка со Македонија на Претставничкиот дом на Република Индонезија.

На средбата присуствуваа и пратениците: г-ѓа Лилјана Поповска, г-ѓа Силвана Бонева, г. Кенан Хасипи, г. Јордан Пачков, г. Владимир Ѓорчев, г. Милорад  Додевски и г. Павле Саздов.

Во воведното излагање, претседателот на Комисијата, г.  Антонио Милошоски, заблагодарувајќи се за посетата, го поздрави досегашниот развој на пријателските односи меѓу Македонија и Индонезија и можноста за нивно интензивирање во иднина на сите нивоа, како и признавањето и поддршката за користење на уставното име на Република Македонија од страна на Индонезија.

Тој ги запозна гостите со составот и функционирањето на Парламентот, градење на политика на добрососедски односи, прашањето за името, интегрирањето на земјата во НАТО и Европската унија, како и претстојните локални избори.

Шефот на Делегацијата, г-ѓа Вера Фабјанти, заблагодарувајќи се за гостопримството, преку краток преглед низ историјата на Индонезија, ги запозна присутните со политичките и економските состојби во државата.

На средбата, г-ѓа Силвана Бонева искажа благодарност до Индонезиската делегација за интересот за воспоставување на Парламентарна група за соработка, како и за силната поддршка на Република Македонија  и лобирање за признавање на уставното име на нашата земја кај другите земји, бидејќи во минатото и таа била именувана со слично име, односно како Поранешна Холандска Република Индонезија.

Click