Активности



Вторник, 15 јануари 2013 година

Средба на претседателот Вељаноски со г. Стефано Санино

На средбата, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, го запозна директорот на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија, г. Стефано Санино, со немилите случувања на 24 декември 2012 година, како и со фактите, околностите и настаните кои претходеа на овие настани.

Истовремено, претседателот Вељаноски предложи насоки и мерки за јакнење на парламентарниот капацитет, за враќање на довербата, за непречено функционирање на Собранието во полн состав, насочени кон надминување на политичките несогласувања и јакнење на вкупниот, заеднички, реформски капацитет на Република Македонија во евроинтегративниот процес. 

 

 

Click