Соопштенија

Среда, 6 ноември 2013 година

Собраниска делегација на Парламентарен семинар на тема „Младите и образованието на Балканот" во Брисел
 
Во организација на Одделението за претпристапна помош на 6 и 7 ноември 2013 година во Европскиот парламент во Брисел, Кралството Белгија се одржува Парламентарен семинар на тема: „Младите и образованието на Балканот", на кој ќе учествуваат претставници на парламентите на земјите кои користат претпристапна помош и претставници на Европскиот парламент.

Од Собранието на Република Македонија на семинарот ќе учествуваат пратениците: Александар Спасеновски, претседател на Комисијата за образование, наука и спорт, г-ѓа Дешира Имери, член на комисијата, Билјана Казанџиска, заменик-член на комисијата и г-ѓа Мерал Узеири Ферати, член на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите.

Претседавач на семинарот ќе биде г-ѓа Дорис Пак во својство на претседател на Комисијата за образование и култура на Европскиот Парламент. Предвидено е семинарот да се одвива во две работни сесии, а покрај европарламентарци и претставници на Европската комисија,  учество на семинарот ќе земат и истакнати експерти од областа на образованието. Семинарот има за цел размена на искуства и поттикнување поширока дебата меѓу парламентарците од националните парламенти од Балканот и Турција и европарламентарците за овие прашања.

Се очекува претставниците на националните парламенти да ги презентираат образовните реформи во нивните држави.
Click