Соопштенија

Среда, 20 ноември 2013 година

Учество на работилница на тема: „Поттикнување на граѓанското општество во земјите-кандидати и потенцијални земји-кандидати за ЕУ членство“

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Хајрула Мисини, од 21 до 23 ноември 2013 година, ќе учествува на работилница на тема: „Поттикнување на граѓанското општество во земјите-кандидати и потенцијални земји-кандидати за ЕУ членство“, што во организација на Меѓународното европско движење ќе се одржи во Будва, Црна Гора.

На работилницата најавено е поздравно обраќање на премиерот на Црна Гора, г. Мило Ѓукановиќ, а присутни ќе бидат претседателите на комисиите за европски прашања во регионот, европратеници и високи функционери од европските движења.   

Според агендата расправата по предложените панели ќе се однесува на  размена на евроинтегративните искуства во однос на проширувањето на ЕУ во време на економска криза, на регионалната соработка како рамка за  поттикнување на европските движења и заштитата на човековите права, како и за пристапниот процес во функција на национални реформи и на зајакнување на соработката на  владите со невладините организации.
Click