Соопштенија

Понеделник, 18 февруари 2013 година

ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЕКОНОМСКИ ПРАШАЊА ВО БРИСЕЛ

Делегација на Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот на Комисијата, г-ѓа Владанка Авировиќ, а во состав г. Малиша Станковиќ, заменик на претседателот на Комисијата за економски прашања; г. Реџаил Исмаили и г. Драган Цуклев, на 21 и 22 февруари 2013 година ќе престојува во Брисел, Кралството Белгија.

За време на посетата, Делегацијата ќе учествува на Парламентарен семинар на тема „Енергетската политика на ЕУ и нејзиното влијание врз земјите во претпристапен процес” во Европскиот парламент во Брисел.

На семинарот ќе учествуваат пратеници од парламентите на земјите во претпристапен процес и од Европскиот парламент.

 

 

 
Click