Соопштенија

Вторник, 21 мај 2013 година

Делегација на Комисијата за европски прашања во билатерална посета на Република Косово

Делегација на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Хајрула Мисини, претседател на Комисијата; г. Јани Макрадули, потпретседател на Собранието; г. Миле Пачемски и г. Орхан Ибраими, членови на Комисијата, од 22 до 23 мај 2013 година, ќе оствари билатерална посета на Република Косово

Во рамките на дводневната официјална посета на Косово, Делегацијата ќе оствари средби со претседателот на Парламентот на Република Косово, г. Јакуп Красниќи; со министерката за европски интеграции, г-ѓа Влора Читаку и со претседателот на Република Косово, г-ѓа Атифере Јајхага.

Исто така, Делегацијата ќе одржи и состаноци со Комисијата за европски прашања и Комисијата за човекови права, еднакви можности меѓу мажите и жените, за исчезнати луѓе и за петиции на Република Косово.
Click