Соопштенија

Вторник, 17 декември 2013 година
 
Доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев - Јасмин“
 
На 21 декември 2013 година (сабота), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12,00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев - Јасмин“ ќе ја додели наградата „Мито Хаџи Василев - Јасмин“ за 2013 година за остварување во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Македонија.

Државната награда „Мито Хаџи Василев - Јасмин“, за остварување во областа на публицистиката, се доделува на проф. д-р Волф Ошлис, публицист.

Државната награда „Мито Хаџи Василев - Јасмин“, за остварување во областа на новинарството, се доделува на Паца Лазарова, новинар.
Click