Соопштенија



Понеделник, 2 декември 2013 година

Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“
 
На 8 декември 2013 година (недела), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели наградата „Св. Климент Охридски“ за 2013 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Државната награда „Св. Климент Охридски“, за остварување во областа на воспитанието и образованието, се доделува на проф. м-р Аџи Фида, педагог -методичар, наградата за остварување во областа на културата и уметноста, се доделува на доц. м-р Александра Мијалкова, примабалерина и за остварување во областа на здравството наградата се доделува на проф. д-р Никола Јанкуловски, дигестивен хирург и примариус д-р Коте Тосевски, специјалист ендодонт.

Click