Соопштенија



Среда, 22 мај 2013 година

Единаесетти состанок на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ

Согласно Спогодбата за асоцијација и стабилизација на Република Македонија и Европската унија и според Деловникот на Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија, 11. состанок на Комитетот ќе се одржи на 22 и 23 мај 2013 година во Европскиот парламент во Стразбур, Француската Република.

На овој состанок, од Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија, ќе учествуваат: г. Кенан Хасипи, претседател на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (копретседавач на овој Комитет); г-ѓа Ермира Мехмети-Деваја и г. Андреј Петров, потпретседатели на Делегацијата (заменик-копретседавачи на Комитетот); г-ѓа Силвана Бонева и г. Антонио Милошоски, членови на Делегацијата и г. Беким Фазлиу, заменик-член.

На 11. состанок се очекува да бидат разгледани повеќе прашања во врска со односите на Република Македонија и Европската унија, актуелната политичка ситуација во државата во контекст на отпочнувањето на пристапниот дијалог на високо ниво - за меѓуетничкиот дијалог, реформите во правосудството, јавната администрација, борбата против корупцијата, потоа за слободата на изразување и медиумите, за изборната реформа со осврт на неодамна одржаните локални избори, за зајакнувањето на пазарната економија со зголемување на социјалната кохезија, за добрососедските односи, како и за алтернативните начини за користење на обновливите извори на енергија.

Click