Соопштенија



Среда, 30 октомври 2013 година

Јавна расправа на тема: „Како до подобра грижа и третман за лицата што живеат со ХИВ во Република Македонијa”

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Комисијата за здравство на Собранието на Република Македонија, во соработка со групата за поддршка на лицата што живеат со ХИВ – „Заедно посилни“ и Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување - Х.Е.Р.А., на 14 ноември 2013 година, во 11.00 часот, во Салата на Уставна комисија, ќе одржат јавна расправа на тема: „Како до подобра грижа и третман за лицата што живеат со ХИВ во Република Македонијa”.

Расправата ќе се одржи врз основа на заклучоците донесени на првата јавна расправа на оваа тема, која се одржа на 13.12.2012 година во рамките на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Комисијата за здравство при Собранието на Република Македонија и претставува продолжение на одржаната расправа.

Покрај членовите и заменик-членовите на Комисиите, на јавната расправа ќе бидат поканети членовите на Меѓупартиската парламентарна група за ХИВ во Република Македонија, пратениците на Собранието на Република Македонија, претставници на Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, Бирото за лекови, Институтот за јавно здравје – Скопје, Националниот координативен механизам за ХИВ и туберкулоза, Националната комисија за ХИВ/СИДА на Република Македонија, УНДП, СЗО, УНИЦЕФ, УНФПА, Un Women, Европската комисија, како и останати претставници од релевантни институции и здруженија на граѓани чие поле на работа се програми и политики за ХИВ.

Click