Соопштенија

Четврток, 2 мај 2013 година

Учество на пратеникот, г-ѓа Поповска на подиумска дискусија во Хамбург  

Од 1 до 5 мај 2013 година се одржуваат 34. Денови на Евангелистичката црква, меѓународен фестивал во Хамбург, Сојузна Република Германија, на кој учествуваат сто илјади гости.

Во рамките на настанот, на 3 мај, ќе се одржи подиумска дискусија на тема Европа: Солидарност во кризата; Преглед на економската и финансиска криза, на која како претседател на ДОМ и член на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, ќе земе учество пратеникот, г-ѓа Лилјана Поповска.

Учеството на оваа дебата е организирано  во соработка со почесниот конзул на Република Македонија во Сојузна Република Германија, г. Холгер Михаил Арндт.

На дебатата пратеникот, г-ѓа Поповска ќе се обрати со осврт за Македонија и процесот за евроинтеграција, а нејзини соговорници на темата ќе бидат Мартин Шулц, претседател на Европскиот парламент, Свен Гиголд, пратеник во европскиот парламент од редовите на Сојуз 90/ Зелени, д-р Ролф Штраух, член на претседателството на Европскиот механизам за стабилизација од Луксембург и Холгер Михаел Арндт, почесен конзул на Република Македонија во Сојузна Република Германија.
Click