Соопштенија



Петок, 31 мај 2013 година
 
Надзорна расправа на тема „Имплементација на процесот на децентрализација“
 
Комисијата за локална самоуправа на 5. седница, ќе одржи надзорна расправа на тема „Имплементација на процесот на децентрализација“.

Надзорната расправа ќе се одржи на 4  јуни (вторник)  2013 година, со почеток од 11.00 часот, во сала „Борис Трајковски“, во зградата на Собранието на Република Македонија.

Целта на надзорната расправа е потребата да се добијат информации и стручни мислења за одвивањето на досегашниот процес на децентрализација, започнат на 1 јули 2005 година, со воспоставувањето на нормативната и институционална рамка.

Комисијата за локална самоуправа цени дека овој настан е од особено значење за граѓаните на Република Македонија од аспект на резултатите од имплементацијата на законите од оваа област и практичната примена на одредбите на Законот за Собранието на Република Македонија, во делот на парламентарниот надзор на законодавната власт во Република Македонија.

Комисијата за локална самоуправа, покани сведоци кои претставуваат различни организации и институции, да учествуваат на расправата и да дадат писмени и усни искази и одговори на членовите на Комисијата.

           

Click