Соопштенија

Понеделник, 22 април 2013 година
 
Потпретседателот, г-ѓа Сузана Салиу ќе учествува на Семинар за национална безбедносна политика

На покана на Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Ц. Маршал“, а во соработка со амбасадата на САД во Скопје, Македонија, потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Сузана Салиу и пратениците: Марјанчо Николов, Тони Трајановски, Ивон Величковски, Цветанка Иванова, Марија Рашковска, Орхан Ибраими, Сафет Бишевац, Тања Томиќ, Димитар Стевананџија, Косана Николиќ Мазнева и Вјолца Мехмети-Нурединисо ќе учествуваат на Семинарот за национална безбедносна политика наменет за пратеници, што ќе се одржи од 23 до 26 април 2013 год., во Гармиш-Партeнкирхен, Германија.

Целта на овој семинар е да се воспостави стратешка комуникација со парламентарните институции во областа на безбедносната политика и да се зајакнат капацитетите за нивно вклучување во стратешкиот дијалог, развој и имплементација на националните безбедносни и одбранбени стратегии, да се идентификуваат, појаснат и расветлат институционалните улоги и мисии, како и да се поттикне транспарентноста на одбранбените планови и политики.

Семинарот вклучува предавања, дискусии и интеракција меѓу пратениците и предавачите за прашања од областа на меѓународната безбедносна политика: регионалната безбедносна соработка; парламентите и реформата на безбедносниот сектор; владеењето на правото; НАТО: процесот на пристапување, трошоци и бенефиции; одговорноста на парламентот пред населението; регионалната економска безбедност; улогата на парламентот во буџетот за одбраната и неговото планирање; улогата на парламентот во спротивставувањето на заканите во 21. век: криминалот и корупцијата.

 
Click