Соопштенија

Петок, 10 мај 2013 година
 
Пратеникот Александар Николоски набљудувач на парламентарните избори во Бугарија
 
Пратеникот Александар Николоски од име на Групата на европски народни партии е назначен за член на ад хок Комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа која ќе ги набљудува парламентарните избори во Бугарија на 12 мај 2013 година.

Комисијата која е составена од 19 членови, ќе престојува во Бугарија од 10  до 13 мај и ќе оствари средби со шефот на Мисијата на ОДИХР во Бугарија, претседателот на Централната изборна комисија, претседателот на Врховниот управен суд, претставниците на политичките партии застапени во Парламентот, како и со претставниците на граѓанското општество и медиумите, пред набљудувањето на гласањето на 12 мај по избирачки места низ целата држава. Пратеникот Николоски на денот на гласањето ќе биде распореден во регионот на Софија.

Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на избори има воспоставени норми базирани на принципите на демократија, плурализам и почитување на правото на слободни избори. Процесот на набљудување има истовремено техничка и политичка природа. Техничкото набљудување се фокусира на адекватноста на корпусот на закони според кои се одвиваат изборите, но тие не можат да бидат одвоени од политичкиот контекст во кој се одвиваат. Набљудувањето на изборите е важен елемент за утврдување на демократскиот капацитет на една држава.
Click