Соопштенија



Вторник, 23 април 2013 година

Пратеникот Реџаиљ Исмаили на Работилница во Црна Гора

На покана од Националниот демократски институт (НДИ), претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г. Реџаиљ Исмаили, ќе учествува на Работилница на тема: Надминување на предизвиците за надзор кој го вршат парламентарните комисии. Работилницата ќе се одржи од 24 до 26 април 2013 година во Бечиќи, Црна Гора.

Оваа регионална работилница е дел од Иницијативата за законодавно зајакнување на Западен Балкан на НДИ, која им помага на парламентите во регионот за зајакнување на нивните капацитети во донесување одлуки, надзор и застапување со акцент на зацврстување на врската меѓу парламентите од Западен Балкан со нивните колеги од Европска унија преку креирање на отворени форуми за регионална соработка и размена на информации.

На престојаната работилница ќе учествуваат претседатели на комисиите и претставници од службите на парламентите од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора и Словенија.

Целта е: да ги споделат регионалните искуства при имплементација на надзорните механизми кои ги поседуваат комисиите; да дадат фокус на надзорот на комисиите при имплементација на политики, закони и буџети; како и да ја претстават улогата на истражувачките и сличните експертски одделенија, останатиот кадар во комисиите и граѓанските организации во самиот процес.

Овој настан ќе послужи како платформа за дискусија со акцент на размена на информации и искуства меѓу учесниците кои доаѓаат од парламентите од Западен Балкан.

Click