Соопштенија



Петок, 10 мај 2013 година

Пратеникот Владанка Авировиќ на Конференција во Загреб

Претседателот на Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Владанка Авировиќ, од 12 до 14 мај 2013 година, во Загреб, Република Хрватска, ќе учествува на Конференција на тема: Енергетика. Развој. Демократија „Успешни пристапи за нова енергетска иднина во Југоисточна Европа“.

Конференцијата во Загреб е втора регионална конференција која ќе се одржи во рамките на оваа иницијатива, како следбеник на Конференцијата одржана во Белград, Србија, во 2011 година.

Целта на Конференцијата е да ги спои претставниците на локалните власти, пратениците, НВО секторот, инвеститорите и бизнисмените од регионот, за размена на знаење и искуство.

Главните теми кои ќе бидат диксутирани на Конференцијата се:

  • Улогата на парламентите и локалната власт во промовирањето на одржливата енергија;
  • Како граѓанското општество може да придонесе во одржливоста;
  • Национални и локални успешни приказни.

Иницијативата за јавен дијалог е спроведена од Белградскиот фонд за политичка извонредност (Србија), Школата за демократско водство (Црна Гора), Академијата за политички развој во соработка со општеството за дизајн за одржлив развој (ДООР, Хрватска), Центарот за истражување и креирање политики (Македонија), Албанската школа за политички студии (Албанија), Европската асоцијација на школи за политички студии во БиХ (Босна и Херцеговина) и Приштинскиот институт за политички студии (Косово).

Целта на иницијативата е да го поттикне градењето на капацитети и јавниот дијалог за одржлива употреба на енергија помеѓу претставниците на парламентите, владите, бизнис секторот, медиумите и граѓанското општество.

Конкретна цел е да се овозможи и зголеми ефикасноста во спроведувањето на политиките за одржлива енергија.

Свое обраќање пред присутните ќе има и г. Иво Јосиповиќ, претседател на Република Хрватска.

Иницијативата и Конференцијата се поддржани од Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа за енергетска ефикасност, кој е имплементиран во името на Германското федерално министерство за економска соработка и развој.

Click