Соопштенија

Среда, 10 април 2013 година

собраниска делегација на парламентарен семинар во Брисел

Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г-ѓа Владанка Авировиќ, претседател на Комисијата за економски прашања и г. Хајрула Мисини, претседател на Комисијата за европски прашања, ќе присуствува на парламентарен семинар, кој ќе се одржи на 12 април во Брисел, Кралството Белгија

На семинарот ќе бидат претставени наодите од новата голема регионална студија „Економските и европските перспективи на земјите од Западен Балкан“, чиј автор е г-ѓа Славица Пенев од Институтот за економски науки од Белград, Република Србија.
Click