Соопштенија



Вторник, 22 јануари 2013 година

Собраниска делегација на редовна зимска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа
 
Од 21 до 25 јануари 2013 година во Стразбур,  Франција, се одржува редовната зимска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествува Делегација на Собранието на Република Македонија.

Теми за кои ќе се расправа на оваа сесија ќе бидат состојбата во Косово, слободата на медиумите во Европа, ефикасноста на Судот за човекови права, претстојната Конвенција на Советот на Европа за спречување на недозволената трговија со човечки органи, пост-мониторинг дијалогот со Бугарија, како и хуманитарната состојба во конфликтните зони и областите зафатени од војната меѓу Грузија и Русија

Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе дебатира и по две ургентни точки и тоа за последните случувања во Мали и Алжир и заканите по безбедноста и човековите права во медитеранскиот регион, како и за миграциите и азилот и растечките тензии во Источниот Медитеран. 

Свое обраќање на сесијата ќе имаат претседателот на Грузија, г. Михаил Саакашвили, комесарот за проширување и политика на соседство на Европската комисија г. Штефан Филе, министерот за правда на Италија г-ѓа Паола Северино, а министерот за надворешни работи на Андора г. Гилберт Сабоја ќе настапи во својство на претседавач со Комитетот на министрите.

Вообичаено на зимската сесија пред пратениците на Парламентарното собрание ќе се обрати и генералниот секретар на Советот на Европа, г. Торнбјорн Јагланд.

Click