Соопштенија

Понеделник, 22 април 2013 година

Студиска посета на Комитетот за односи меѓу заедниците

Како дел од тековната соработка со УНДП, Делегација на Комитетот за односи меѓу заедниците, во состав: г. Ѓорѓи Коџабашиев, г. Оливер Спасовски, г. Џеват Адеми и г. Кенан Хасипи, во периодот од 22 до 25 април 2013 година, ќе оствари студиска посета на Парламентите на Будимпешта, Унгарија и на Братислава, Словачка Република.

Студиската посета е дел од иницијативата на УНДП чија цел е поддршка на работата на Комитетот за односи меѓу заедниците.     

Оваа студиска посета ќе им даде можност на членовите на Комитетот да се сретнат со претседателот и членовите на Постојаната комисија за човекови права, малцински, граѓански и верски прашања на Парламентот на Унгарија, како и со своите европски колеги од парламентарните тела кои работат на слични прашања.

Делегацијата на Комитетот за односи меѓу заедниците ќе го посетат Еврорегионалниот центар за демократија, а ќе  присуствуваат и на Работилница за легислативата за човекови права, како и на експертски обуки за мултиплурализмот и парламентарните системи.

  
Click