Соопштенија

Понеделник, 22 април 2013 година
 
Учество на Парламентарното собрание на Советот на Европа
 
Редовната пролетна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе се одржи од 22 до 26 април 2013 година во Стразбур, Франција. На сесијата ќе учествува делегација на Собранието на Република Македонија во состав Александар Николоски, шеф на делегацијата, Ермира Мехмети Деваја и Имер Алиу, членови.

Свое обраќање на пленарната седница на ПС на СЕ ќе имаат четири шефови на држави и на влади и тоа претседателот на Германија г. Јоаким Гаук, премиерот на Грузија г. Бидзина Иванишвили, премиерот на Романија г. Виктор Понта и претседателот на Владата на Андора г. Антони Марти. 

Покрај тоа, на пратениците во Парламентарното собрание ќе им се обратат и министерот за надворешни работи на Андора г. Гилберт Сабоја Сунје, во својство на претстедавач со Комитетот на министрите, министерот за надворешни работи на Швајцарија, г. Дидиер Брукхалтер, како и комесарот за човекови права, г. Нил Муижниекс, кој ќе го претстави годишниот извештај за 2012 година. 

Теми за кои ќе се расправа на оваа сесија ќе бидат  Пост-мониторинг дијалогот со Турција, насилството врз религиозните заедници, борбата против детскиот секс туризам, како и рамнотежата меѓу бенефициите и ризиците од нанотехнологијата. 
Click