Соопштенија

Четврток, 21 март 2013 година
 
Учество на Седмата конференција на КОСАП
 
Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Хајрула Мисини од 21 (денеска) до 23 март 2013 година, ќе учествува на Седмата конференција на парламентарните комисии за европски прашања на земјите кои учествуваат во Процесот за стабилизација и асоцијација на Југо-источна Европа (КОСАП), која се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина.

КОСАП како форум е од особено значење ако се има предвид регионалната соработка и евроинтегративниот процес на сите земји од регионот. Јакнењето на регионалната соработка претставува една од круцијалните заложби на сите земји од регионот и клучен фактор за воспоставување и одржување на политичка стабилност, сигурност и економски просперитет.

Комисијата за европски прашања ќе биде следна која ќе го преземе претседателството за оваа Конференција од страна на Босна и Херцеговина и ќе биде наредниот домаќин на овој форум во рамките на Процесот за соработка со Југоисточна Европа, Парламентарната димензија.
Click